Скалони со наградата на ФИФА за најдобар тренер на светот за 2022

177

Очекувано, селекторот на Аргентина Лионел Скалони е прогласен за најдобар тренер во светот за 2022 година на церемонијата „The Best“ организирана од ФИФА. Тој собра најголем број на гласови од селекторите и капитените на репрезентациите како и од новинарите и победи во конкуренција на стратегот на Реал Мадрид Карло Анчелоти и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола.

За најдобар гол во 2022 година е прогласен погодокот на Марцин Олекси кој е првиот фудбалер со ампутирана нога кој ја освојува оваа награда.

Најдобар голман: Емилијано Мартинез (Аргентина/Астон Вила)

Најдобра голманка: Мери Ерпс (Англија/Манчестер Јунајтед)

Најдобар тренер во женска конкуренција: Сарина Вигман (Холандија/селектор на Англија)

Најдобар тренер во машка конкуренција: Лионел Скалони (Аргентина/селектор на Аргентина)

Најдобар гол: Марцин Олекси

ПретходноПознат е кинескиот клуб кој на Адеми му понудил четири милиони евра
СледноУспешно опериран капитенот на Вардар, Дарко Мицевски