Решат Рамадани пред трансфер во Динамо Киев?

841

Неофицијално дознаваме дека младиот фудбалер на Шкендија, Решат Рамадани може да ја продолжи кариерата во украинскиот гигант Динамо Киев. Талентот на „црвено-црните“ од Тетово и младински репрезентативец на Македонија го привлекол вниманието на киевскиот клуб кој го посакува во своите редови.

Повеќе информации очекуваме во текот на оваа недела, а тоа би бил одличен трансфер за 19 годишниот играч за врска. Минатата година тој потпиша договор со Шкендија со важност до 2027 година.

ПретходноХакими под истрага за силување
СледноФиорентина ја „распарчи“ Верона, чуден гол од пола терен на Бираги (видео)