Тен Хаг: Продолжуваме да го враќаме Манчестер Јунајтед таму каде што му е местото

120

Синоќа тимот на Манчестер Јунајтед на Вембли пбедувајќи го Њукасл со конечни 2:0, го освои Лига Купот што е прв триумф во едно натпреварување по 2017 година. Секако, тоа значи дека е и прв успех на Ерик Тен Хаг како менаџер на клубот, што е уште една потврда дека тој во моментов врши одлична работа на клупата на Јунајтед.

Тој по синоќешниот триумф секако воодушевен од случувањата на теренот и успехот рече дека клубот и навивачите едноставно го заслужуваат ова и дека Јунајтед се враќа онаму каде што му е местото.

„Играчите имаа правилен став вечерва. Тие беа многу добри и имаа многу енергија. Тие делуваа тимски и се бореа, настапија максимално добро. Не го одигравме нашиот најдобар фудбал цели 90 минути, но покажавме ефикасност. Најважно е што освоивме трофеј. Тој ќе ни даде многу инспирација и повеќе самодоверба. Продолжуваме да го враќаме Манчестер Јунајтед таму каде што му е местото. На пат кон освојување трофеи. Еве ние го освоивме првиот од нив“, –  изјави Тен Хаг.

 

ПретходноВикендов се одржа Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023 (ФОТО)
СледноИбра по камбекот на терен: Сакам да ме ценат поради она што сум сега, а не за она што сум бил пред десет години