ТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Милосављевиќ “удри“ по шампионот

287

Кога ќе се одигра квалитетно и кога ќе се победи шампионот, тогаш јасно е дека за играч на колото треба да биде некој од Силекс. А тој некој уште ако постигне мајсторски гол за 1:0, тогаш нема дилеми дека играч на колото е Стефан Милосављевиќ, и не само поради она ремек – дело од 4.минута на мечот со Шкупи, туку и поради целосниот негов ангажман за тие 2:1.

Од Силекс во тимот на колото се и Ристески, Ристовски и Ѓорѓиевски. Македонија ЃП освои голем бод во Струга и тоа благодарение на голманот Стевковски и стоперот Илиевски. Брегалница славеше на гости кај Работнички, во тимот на колото се стрелецот Николов, асистентот Ѓорѓиев и дефанзивецот Ристевски. Шкендија ја победи Победа, во идеалниот тим од тетовци се Чинари и Тотре.

ИГРАЧ НА КОЛО

СТЕФАН МИЛОСАВЉЕВИЌ

Тим: Силекс

Роден: 09.05.1992 во Србија

Кариера: Напредак, Путнок, Борац Биволје, Мачва, Земун, Младост, Раднички Ниш, Нови Пазар, Рад, Силекс

ПретходноКаква бламажа: Партизан денеска го гледаа само 100 фанови, ова е најмалата посета во историјата на клубот!
СледноМарка: Реал ја бојкотира вечерашната церемонија на ФИФА за наградите „The Best“, и тоа поради победникот Меси!