Македонската репрезентација во традиционално карате освои 30 медали во Крушевац!

56

Македонските каратисти на меѓународниот карате турнир во Крушевац, Србија, кој се одржа на 26 февруари. Македонската репрезентација освои вкупно 30 медали од кои 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали.

Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца 10 години. Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали,

Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена.

Исто така и останатите македонски натпреварувачи беа доста успешни, Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција.

На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа над 600 напреварувачи од 5 држави.

ПретходноВалтер со апел до битолчани: Дојдете во голем број, Мотор мора да се сфати сериозно!
СледноМиовски на радарот на Саутемптон