Неверојатниот Јокиќ со монструозен трипл-дабл го предводеше Денвер до победа (ВИДЕО)

1073

Денвер го совлада Лос Анџелес Клиперс со 134:124 по продолжение, а Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар за паметење. Србинот ја потврди доминацијата во НБА лигата со уште една добра партија.

Јокиќ го запиша 23-ти трипл-дабл сезонава, а Нагетс ја искористија неговата инспирирана игра за 42-та победа во 61-от натпревар во сезоната. Јокиќ овојпат застана на 40 поени, а имаше и 17 скока и 10 асистенции. Погоди 14/21 од поле и 12/15 од линијата за слободни фрлања. Имаше три освоени и само една загубена топка, но и помош од соиграчите кои одлично го следеа на патот до победата.

Мајкл Портер Џуниор додаде 29 со 11 скока, а ​Мареј имаше 21 поени и 12 асистенции. Кај Клиперси се истакнаа Кави Ленард со 33 и Пол Џорџ со 23 поени.

Резултати: Кливленд – Торонто 118-94, Оклахома – Сакраменто 115-124, Голден Арт – Минесота 109-104, Портланд – Хјустон 131-114, Денвер – ЛА Клиперс 134-124.

ПретходноОсасуна првпат по 2006 година победи на „Санчез Писхуан“
СледноНовак Ѓоковиќ испиша историја, официјално е рекордер!