Очекувано, селекторот на Аргентина Лионел Скалони е прогласен за најдобар тренер во светот за 2022 година на церемонијата „The Best“ организирана од ФИФА. Тој собра најголем број на гласови од селекторите и капитените на репрезентациите како и од новинарите и победи во конкуренција на стратегот на Реал Мадрид Карло Анчелоти и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола.
За најдобар гол во 2022 година е прогласен погодокот на Марцин Олекси кој е првиот фудбалер со ампутирана нога кој ја освојува оваа награда.
Најдобар голман: Емилијано Мартинез (Аргентина/Астон Вила)
Најдобра голманка: Мери Ерпс (Англија/Манчестер Јунајтед)
Најдобар тренер во женска конкуренција: Сарина Вигман (Холандија/селектор на Англија)
Најдобар тренер во машка конкуренција: Лионел Скалони (Аргентина/селектор на Аргентина)
Најдобар гол: Марцин Олекси