Познат е кинескиот клуб кој на Адеми му понудил четири милиони евра

641

По хрватското дерби во медиумите се проширија информации дека кинески клуб го бара Аријан Адеми. Од Динамо не ја потврдија информацијата, но хрватските медиуми шпекулираат дека клубот кој го посакал македонскиот репрезентативец бил Пекинг Гуан.

Овој кинески Суперлигаш на играчот е спремен да му понуди тригодишен договор и 4 милиони евра, пишува „Спортске новости“. Тоа е понудата на Кинезите чиј трансферен пазар е отворен, па Адеми може да направи трансфер. Се чека „ДА“ од Динамо.

Пред неколку недели Адеми побарал трансфер, но тогаш тренерот Анте Чачиќ го стопирал тоа со образложение дека Македонецот му е потребен за пролетниот дел од сезоната. Сега кога титулата е многу блиску, Адеми може да се проба надвор од Хрватска.

ПретходноНеверојатно: Ова е голот на деценијата! (ВИДЕО)
СледноСкалони со наградата на ФИФА за најдобар тренер на светот за 2022