Капитенот на Вардар, Дарко Мицевски, успешно е опериран по повредата на скочниот зглоб на мечот против Охрид во Втората лига. Тој се повреди во првото полувреме, а снимките покажале дека се работи за скршеница поради што морал да се оперира. За него сезоната е завршена, а тој испрати мотивирачка порака за соиграчите и навивачите на Вардар во борбата за враќање во ПМФЛ.