Речиси без никакви проблеми Манчестер Сити вечерва во меч од осминафиналето во ФА Купот славеше кај Бристол Сити со 0:3 и со тоа избори пласман во следната фаза во ова натпреварување.
Фоден беше тој што блескаше кај “граѓаните“ со двата гола, во 7.и 74.минута, точка на триумфот стави Де Брујне во 81.минута за конечни 0:3.
На останатите мечеви вечерва од осминафиналето, Брајтон како гостин го победи Стоук со 0:1, Блекбурн направи изненадување и како гостин го победи Лестер со 1:2, а Фулам дома го победи Лидс со 2:0.
Рековме веќе, победниците на вечерашните мечеви се пласираа во ¼ финалето.