Ем навреди, ем пораз: Катастрофа од Вардар, ја наведна главата пред Партизан!

1553

Вардар 1961 не дојде до планираните бодови на гостувањето кај Партизан во рамките на СЕХА-лига. Македонскиот шампион го запиша вториот пораз во групата Б, откако беше совладан со 28-22. Првото место засега не е загарантирано, па ќе се чека целосна разврска.

„Црвено-црните“ не само што беа поразени, туку на сметка на сите Македонци беа испратени бројни навреди и на политичка основа, беше спомнат Гоце Делчев.

Избраниците на Недановски само на почетокот на мечот имаа водство, 0-1 и 1-2. Македонскиот првак не беше на ниво на задачата ниту во првото полувреме, ниту пак во второто полувреме, имаше краток блесок.

По 2-2, противникот со серија од 4-0 лесно поведе со 6-2. Оваа позитива ја одржуваше до 14 минута кога „црвено-црните“ намалија на 10-8. Но, ова не беше доволно да се урне отпорот на Партизан, во 22 минута поведе со највисоки плус пет 13-8. Вардар врати на ист начин израмни на 13-13, на одморот беше 15-14.

Партизан успеа и во вториот дел да одржува некоја минимална позитива, беше на плус три 18-15. Вардар израмни 18-18, но не успеа да дојде до посакуваното водство и пресврт, голманот на домашниот тим Трнавац беше максимално расположен.

Со серија од 6-1, Партизан по вторпат на мечот дојде на плус пет 24-19 во 52. минута. Со новиот погодок на Зечевиќ, Партизан дојде и на 26-20. Времето работеше за домашниот тим, кој токму против македонскиот првак ја запиша првата победа оваа сезона.

Талески со девет гола беше прв стрелец кај „црвено-црните“, на другата страна Зечевиќ и Петриќ имаа исто толку гола. Трнавац имаше 20 одбрани.

Претходно„Гробари“ со ниски провокации: Извадија грчко знаме, па пораача – Гоце Делчев е Бугарин!
СледноРакометарките влегоа во ритам, Турција е насока за мундијалската мисија (ФОТОГАЛЕРИЈА)