Кристијано Роналдо е чудо, веројатно нема жител на оваа планета кој не слушнал за него и не знае како тој изгледа. Токму затоа бенефициите се големи кога тој ти е познаник, соиграч или пријател, па само едно здраво или едно гушкање со него ќе ти помогне да ја ќариш Мис на Калифорнија.
Еве што кажува Дени Симпсон, некогашен соиграч на Роналдо од времето кога заедно биле во Манчестер Јунајтед.
“Јас тогаш играв во Лестер и заедно со клубот бевме во САД, поточно во ЛА на летна турнеја во таа 2016 година, а Роналдо беше во ЛА со својот тогашен клуб Реал Мадрид. Договорив состанок со една прекрасна девојка во еден ресторан, таа била Мис на Калифорнија, но почетокот беше разочарувачки. Едноставно немавме некои теми за муабет а нејзе и беше здодевно. Во тој момент од некаде пријде Роналдо, дојде на нашата маса и ние се поздравивме како некогашни соиграчи. Тој тука со нас беше две – три минути, но девојката беше воодушевена што го гледа. Кога си замина Роналдо нејзиниот однос кон мене драстично се промени само поради мојот некогашен соиграч. И сега сум му благодарен за тој момент што дојде во вистински час“ изјави Симпсон.