Килијан Мбапе заврши како втор во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер во светот за 2022 година. Познато е дека во изборот учествуваат капитените, селекторите и медиумите, Најмногу гласови доби неговиот соиграч од ПСЖ, а трет беше Карим Бензема, неговиот соиграч од репрезентацијата на Фрнција и фудбалер на Реал Мадрид.
По завршување на гала церемонијата, Мбапе се огласи на социјалните мрежи:
„Уште еден трофеј дома. Му честитам на Лео Меси, ти си најдобар“ напиша Мбапе.