Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, кој синоќа ја доби наградата за најдобар тренер за 2022 година според ФИФА, интересно, не гласал за ниту еден француски играч во трката за наградата „најдобар фудбалер“.
Селекторот на аргентинската репрезентација најголем број гласови дал за ѕвездата на својата репрезентација, Лионел Меси (ПСЖ), а потоа бодови им доделил и на Хулијан Алварез (Манчестер Сити), исто така репрезентативец на Аргентина, како и на Лука Модриќ од Реал (М).
Според тоа, Скалони смета дека главните конкуренти на Меси, Килијан Мбапе, и Карим Бензема не се во ТОП 3 најдобри играчи за минатата година.