Ете, тоа е фудбалот. Хари Кејн веројатно е најдобриот фудбалер на Англија во последните 7-8 години, игра за Тотенхем и важи за еден од најдобрите во Премиерлигата. Кејн е икона на „спарси“, одиграл вкупно 420 натпревари за својот тим, но сеуште го сонува својот прв пехар со Тотенхем.
Додека Марсел Сабицер вчера во финалето на Лига Купот влезе во игра место Фред и го забележа својот само петти настап за Манчестер Јунајтед и веднаш му се израдува на својот прв трофеј со новиот клуб.