Блесок на Фоден, Сити рутински во четвртфиналето во ФА Купот!(ВИДЕО)

114

Речиси без никакви проблеми Манчестер Сити вечерва во меч од осминафиналето во ФА Купот славеше кај Бристол Сити со 0:3 и со тоа избори пласман во следната фаза во ова натпреварување.

Фоден беше тој што блескаше кај “граѓаните“ со двата гола, во 7.и 74.минута, точка на триумфот стави Де Брујне во 81.минута за конечни 0:3.

На останатите мечеви вечерва од осминафиналето, Брајтон како гостин го победи Стоук со 0:1, Блекбурн направи изненадување и како гостин го победи Лестер со 1:2, а Фулам дома го победи Лидс со 2:0.

Рековме веќе, победниците на вечерашните мечеви се пласираа во ¼ финалето.

ПретходноВалтер: Тажен сум и разочаран!
СледноФановите на Сион го запалија дресот на Балотели: Или играј како што треба или оди си!