Ако пред некој ден цел свет со солзи ги поздрави фановите на Бешикташ по она што го направија, кога фрлаа играчки и кукли на теренот, наменети за децата кои останаа без домовите во разорниот земјотрес, сега тие исти фанови се соочуваат со одмазда од страна на властите во Турција. Имено не е тајна дека јавноста во Турција е гневна за се она што се случи пред, за време и по земјотресот. Фановите тоа го пренесуваат на трибините и се смета дека власта има голема вина за тоа што се случи во Турција.
Токму затоа властите имаат намера, преку Фудбалскиот сојуз на Турција, да забранат присуство на гледачи на стадионите кога се играат натпреварите од Суперлигата во таа земја. Посебно на пик се фановите на најголемите клубови од Истанбул, Фенербахче, Бешикташ и Галатасарај. Засега затворени се трибините на стадионите каде што вообичаено се сместени фановите на овие три клуба, а има препорака до клубовите кои се домаќини на овие три клуба, гостински навивачи да не се пуштаат на стадионите.
Што ќе се случува понатаму останува да се види, но сепак јасно е дека ова е одмазда од страна властите во Турција кои не можат да поднесат дека фановите извикуваат пароли и пеат песни против нив.