Историски чекор на одбојкарскиот шампион: Струмица Никоб потпиша договор за соработка со полски гигант

439

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб викендов склучи договор за  соработка со еден од најголемите и најпознатите одбојкарски клубови и центри во Полска, Јастржебски Вегиел. Струмица Никоб како еден од најголемите одбојкарски центри во Македонија во иднина ќе има блиска соработка со двократниот шампион на Полска и освојувач на купот на оваа земја на повеќе полиња.

„Навистина ми е многу драго што направивме соработка со ваков одбојкарски гигант. Ова е историски момент за одбојката во Струмица и Македонија. Потпишавме меморандум со претседателот на Јастржебски, г-динот Адам Горол кој се однесува на соработка во најголем дел кај младите категории, каде ќе имаме комплетна поддршка во смисла на програма за работа со млади категории, размена на тренери и искуства, супервизија, доусовршување на нашите тренери, како и размена на играчи, заеднички учества на турнири и кампови, а секако и пријателски натпревари. Со еден збор, се што е поврзано со развојот на одбојката и кај нас и во Полска е дел од оваа потпишана соработка“, изјави за СПОРТМЕДИА, претседателот на Струмица Никоб, Владо Милев.

Струмица Никоб оваа година направи уште еден голем исчекор со настапот во европските купови, каде низ ЦЕВ Лигата на шампионите и ЦЕВ Купот имаа можност да ги одмерат силите и со дел од екипите во европскиот одбојкарски врв.

ПретходноМилевски и Ристовски гласаа за победниците – Скалони и Меси
СледноЊујорк го победи Бостон и го симна од првото место (ВИДЕО)