Клоп: Ќе го возвратиме ударот

238

Во седмата сезона на клупата тренерот Јирген Клоп и Ливерпул имаат лоша сезона, играат под очекувањата се соочуваат со елиминација од ЛШ. Мала е веројатноста дека идната сезона ќе играат во ЛШ затоа што е оддалечен од четвртото место, а Реал Мадрид им одржа лекција на „Енфилд“ па мали се шансите да извлече висока победа на „Бернабеу“.

Следните предизвици за Ливерпул се Вулверхемптон па Манчестер Јунајтед.

Мораме да играме и да уживаме во тоа што го работиме. Мислам дека сме спремни и ако постои клуб кој може да надополни бодовна негатива, тогаш тоа е овој клуб. Поради сите работи кои ги направивме претходните години. Ништо од тоа не би се случило без тим и без публика“, изјави Клоп кој верува дека работите ќе одат на подобро.

Имаме заедничка иднина и широка слика. Со други зборови кажано, ќе го возвратиме ударот. Сега мораме да извлечеме што можеме од оваа сезона. Не знам што ќе биде, не сме далеку од местата на кои целиме. Ќе видиме каде ќе завршиме“, изјави Германецот.

 

ПретходноМбапе: Ако дојдам во Серија А тоа ќе биде само во Милан
Следно„Гробари“ со ниски провокации: Извадија грчко знаме, па пораача – Гоце Делчев е Бугарин!