Ливерпул, наводно, будно го следи Н’Голо Канте, кому летово му истекува договорот со Челзи.
Иднината на Канте се уште е неизвесна, бидејќи Французинот долго време е надвор од терените поради повреда, а договорот со Челзи се уште не е продолжен.
Ако Челзи не успее да му го продолжи договорот, Н’Голо Канте сигурно како слободен фудбалер ќе биде интересен за многу клубови, а во Ливерпул вече се подготвени да му понудат добра плата и договор кој ќе го задржи подолг период на Островот.
Медиумите пишуваат и дека Канте, засега е фокусиран на преговори со Челзи за продолжување на договорот на уште една година.