Вкупно 28. селекции кои играа во второто коло од квалификациите за Светското првенство, но не се квалификуваа за настап на собирот на најдобрите кошаркарски селекции во светот, заедно со 12 селекции меѓу највисоко рангираните тимови од оние кои не се квалификуваа за второто коло на квалификациите за Мундобаскетот ќе се натпреваруваат на Олимписките претквалификациски турнири на ФИБА.
Меѓу нив е и селекцијата на Македонија. Во групата од Европа, право на настап на овие претквалификации изборија победниците од секоја група на претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 (Македонија, Полска, Португалија) и една најдобро рангирана селекција што не се квалификуваше за Светскиот Куп 2023 година, а која ќе биде позната со конечната одлука која треба да биде донесена на Централниот одбор на ФИБА кој ќе се одржи на 28 април.
Од останатите се и репрезентациите на Мали (Африка), Чиле, Куба и Девствените Острови (Америка), Кинески Тајпеј, Индонезија, Кореја и Сирија (Азија).
Овие претквалификациски турнири ќе се одржат во периодот од 12 до 20 август 2023 година. Пет екипи од тие претквалификациски олимписки турнири на ФИБА ќе се квалификуваат за Олимписките квалификациски турнири кои ќе бидат реализирани во 2024 година.