Претстојниот викенд на програмата се мечевите од 21.коло во ПМФЛ. Два меча се играат во сабота, а три во недела.
Во сабота се игра мечот Шкупи – А. Пандев во Кичево, а во Велес пак играат градските ривали Работнички и Скопје. Малку чудно, но треба да се потенцира дека во минатото клубот од Градски парк знаел да игра како домаќин во Велес.
И двата меча започнуваат во 14 часот.
Во недела пак се играат средбите Брегалница – Шкендија, Победа – Силекс и Македонија ЃП – Тиквеш.