Напаѓачот на Брентфорд призна дека се обложувал, го чека суспензија!

206

Најдобриот напаѓач на Брентфорд Иван Тони се изјаснил за виновен за повеќето од 262 обвиненија против него поради прекршување на правилата на ФА во врска со обложување на натпревари.  Се очекува тој да започне со долготрајна забрана за настап пред крајот на сезоната и да трае во текот на летото и стартот на идната сезона.

Тони е обвинет за прекршување на 232 правила за обложување на натпревари меѓу 2017 и ноември 2021 година. Подоцна ФА придодаде уште 30 обвиненија во врска со обложувањето кое е забрането за спортистите во Англија.

26-годишниот фудбалер тогаш настапувал за Сканторп, Виган, Питерборо и Брентфорд, но не е обвинет за обложување против неговите тимови. Сега на ред е ФА да одлучи каква казна ќе соопшти.

Во 2017 година Џои Бартон беше суспендиран 18 месеци поради 1260 обложувања меѓу 2006 и 2013 година, а потоа суспензијата му беше намалена на 13 месеци.

Во 2021 година играчите на Бостон Јунајтед, Анто Таној и Џеј Ролинс беа прогласени за виновни во 757 обложувања и добија суспензии од по пет месеци.

ПретходноЃоковиќ се измачи против 130. тенисер во светот на стартот на турнирот во Дубаи
СледноТалески: Мора да го анализираме пристапот, со ваква игра нема ништо да постигнеме!