Очајниот Роналдо одби да гласа, а ФИФА му приреди невидено понижување!

13106

Вистински шок приреди Кристијано Роналдо кој одби да учествува, односно да гласа за најдобрите во 2022 во изборот на ФИФА. Капитенот на Португалија таа улога му ја препушти на својот заменик – капитен Пепе.

Веројатно очајниот Роналдо со овој потег не сакаше да гласа за својот исконски ривал Лео Меси.

Можеби затоа ФИФА синоќа на самата церемонија му приреди вистинско понижување. Имено во најавата за самата свеченост, Роналдо беше прикажан како седи на клупата на репрезентацијата Португалија на една од средбите на СП во Катар.

Ова не им се допадна на неговите фанови кои беа жестоки во своите реакции истакнувајќи дека Роналдо тоа не го заслужил.

ПретходноФановите на Реал “збеснаа“, Алаба гласал за Меси па после се правдаше!
СледноЧудна понуда: Камада може да стане „нобеловец“ ако остане во Ајнтрахт (Ф)