За Пелистер зварши европската сезона. Актуелниот македонски вицепрвак падна на најважниот тест и тоа пред своите фанови. Имаше две опции за нокаут фазата, на крајот не успеа да дојде до реми, беше совладан со 25-27.
Разочарувањето кај сите е големо, особено што ракометарите имаа голема поддршка од трибините.
„Честитки до гостинскиот тим за победата. Ние не ја искористивме домашната публика, направивме почетнички грешки. На ваков меч мора да бидеш мотивиран, ние бевме, во клучните моменти потфрливме. Мора да се разбудиме, прокоцкавме многу шанси. Останува со чисти глави да влеземе во следните предизвици, а ќе ги има многу. Мора да останеме сите заедно, ќе ни треба многу поддршка“, изјави Пешевски.