Европската одбојкарска конфедерација вчера ги пушти во продажба билетите за годинешното Европско првенство во машка конкуренција, чиј домаќин ќе биде и Македонија. Нашата земја ќе биде домаќин на групата „Ц“ од првата фаза на првенството, а сите средби ќе се одиграат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Покрај Македонија, во групата се и гигантот и прв фаворит Полска, како и селекциите на Данска, Холандија, Чешка и Црна Гора. Тоа значи дека Македонија пред скопската публика ќе одигра пет натпревари, за кои ЦЕВ одреди прифатливи цени за сите оние кои сакаат да ја бодрат Македонија, но и да гледаат врвна одбојка.
Бителите се продаваат во две категории:
- Дневен билет за сите натпревари во текот на еден ден во СЦ „Борис Трајковски“ кој чини од 8 до 12 евра (500 до 750 денари) во зависност од позициите во салата и можат да се купуваат онлајн на следниот линк – CEV EuroVolley 2023 Men | Day Tickets
- Пакет билети за сите натпревари во Скопје или пакет билети само за петте натпревари кои ќе ги одигра нашата репрезентација. Пакет билетите за сите натпревари од групата „Ц“ во Скопје се продаваат по цена од 50 или 75 евра (3100 или 4650 денари). Пакет билети за петте меча кои ќе ги одигра Македонија, пак, се продаваат за цена од 30 или 50 евра (1850 или 3100 денари), што значи дека еден билет за меч на Македонија чини околу 370 денари и можат да се купуваат онлајн на следниот линк – CEV EuroVolley 2023 – Men | Packages