Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс го повредил стапалото на десната нога и очигледно ќе мора да паузира неколку недели.
Најдобриот стрелец во историјата на НБА оваа недела ќе ги помине медицинските тестови со цел да се дознае степенот на повредата. Сепак, се претпоставува дека Леброн ќе отсуствува од паркетот неколку недели, со оглед на првата реакција на лекарите.
Повредата се случи на крајот од третата четвртина од натпреварот со Далас, каде Лејкерси остварија многу важна победа во борбата за плеј-офот.