Македонската женска ракометна репрезентација стартуваше со подготовките во рамките на ЕХФ неделата во која ќе одигра два пријателски натпревари против Турција на гостински терен.
Со неколку нови лица, Александар Царчев, кој ќе биде задолжен за нашите голманки и Едуарда Аморим, која е новиот помошник на предводникот Љубомир Савевски, продолжува мисијата подигање на квалитетот за следните предизвици.
Нашите девојки утре патуваат за Анкара, каде на 2 и 4 март ќе одигра два пријателски натпревари со Турција. Овие контроли се дел од подготовките за мундијалската мисија, во баражот ќе се сретнат со Украина. Токму на овие средби Савевски ќе има појасна слика пред важните битки.
На списокот на Савевски се најдоа 18 ракометарки, 12 од нив се домашното првенство. Поради повреда ги нема Симона Маџовска и Елена Ѓоргиевска, Моника Јанеска има клупски обврски.