Вардар 1961 вечерва на гостувањето кај Партизан го покажа своето најлошо издание оваа сезона, беше совладан со убедливи 28-22 за втор пораз оваа сезона. Единствена блескава точка на мечот беше Филип Талески, кој постигна девет гола.
За македонскиот репрезентативец ваквата игра не е дозволива, истата нема да го донесе посакуваниот резултат на крајот на сезоната.
„Сакам да му честитам на Партизан за одличниот натпревар. Мора да ги анализираме и нашиот пристап и перформанси и да сфатиме дека со ваква игра нема ништо да постигнеме. Мора да бидеме поагресивни на дефанзивната страна на теренот и да ги минимизираме техничките грешки, особено против противниците кои знаат како да ги искористат“, изјави Талески.