Торино е “црно-бел“: “Биковите“ двапати водеа, на крајот убедлив триумф на Јуве во градското дерби! (ВИДЕО)

137

Градското дерби на Торино повторно за Јуве. Вечерва во меч од 24.коло во Серија А, “црно – белите“ со 4:2 славеа против “биковите“ кои впо два наврати водеа, со 0:1 и 1:2, но на крајот уште еднаш, по којзнае кој пат во последните години, доживеа пораз во едно од најголемите градски дербија во Италија.

Торино поведе уште во 2.минута кога Карамо го шокираше домашниот состав. Сепак Јуве брзо возврати и преку Квадрадо во 16.минута успеа да израмни. До крајот на првиот дел уште по еден гол на двете страни. Прво Санабрија носи ново водство за “биковите“, но Јуве одново израмнува на 2:2 и тоа преку Данило.

Во второто полувреме во игра влезе и Погба кај Јуве, кај Торино влезе Радоњиќ, кој само по 14 минути беше вратен на клупа. Во тие моменти Влаховиќ кај Јуве и Линети кај Торино ги погодија пречките. Во 71.минута Бремер стрелаше за 3:2, водство на Јуве и интересно, многу се израдува на овој гол против некогашниот свој тим.

Во 82.минута Рабио со гол, се чекаше и на ВАР одлуката, стрелаше за 4:2 и со тоа стави точка на оваа победа за Јуве.

ПретходноПешевски: Мора да се разбудиме, прокоцкавме многу шанси!
СледноВалтер: Тажен сум и разочаран!