Трајковски заедно со Роналдо во „Тимот на колото“ во С. Арабија (ФОТО)

248

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски се најде во Тимот на колото во Премиер лигата на Саудиска Арабија, откако имаше одличен настап за својот тим Ал Фејха на дуелот со Ал Тавон кој заврши без победик, 1:1.

Трајковски беше стрелец на единствениот гол за својата екипа на овој меч и секако заслужи место во најдобриот тим на колото, каде се најде и првата ѕвезда на шампионатот, Кристијано Роналдо.

За нашиот репрезентативец ова беше втор погодок сезонава во дресот на Ал Фејха.

ПретходноМакедонија ќе игра претквалификации за пласман на ЛОИ во Париз 2024
СледноДенот „Д“ за Пелистер, Пешевски порача: Ја знаеме силната страна на Мотор, но ги знаеме и нашите предности!