Што значи да направиш еден мал или многу голем кикс, барем според фановите на Реал Мадрид. Имено откако се дозна дека Давид Алаба, капитенот на Австрија гласал за Лео Меси во изборот на ФИФА, а не за неговиот соиграч Карим Бензема, фановите на Реал едноставно “збеснаа“.
Сепак Алаба по таа нивна реакција имаше објаснување. Всушност кај нив, во селекцијата на Австрија вообичаено во гласањето учествувале сите репрезентативци, а капитенот само го кажува резултатот од тоа гласање. Значи за Меси била селекцијата на Австрија а не самиот Алаба.
Којзнае, можеби ова ќе ги смири малку страстите во Реал Мадрид, а посебно кај фановите на клубот од “Сантијаго Бернабеу“.