Ф1: Падна од велосипед, па ќе мора да ги пропушти првите трки од новата сезона

192

Пилотот на Астон Мартин, Ленс Строл, би можел да ги пропушти првите две трки од сезоната. На претсезонскиот тренинг во Шпанија, Канаѓанецот доживеа сообраќајна несреќа со велосипед, по што заработи повреда на раката. Се зборува дека пилотот се здобил со скршеници на два зглоба, поради што мали се шансите да води на стартот на сезоната.

Инцидентот се случил во градот Мијас (провинција Малага). По несреќата, Строл отпатувал за Барселона, каде го посетил специјалистот Ксавиер Мир, познат по работа со тркачи во Мото ГП.

Постои можност пилотот да има потреба од операција, поради што може да пропушти една или две трки од сезоната.

ПретходноПроблем за Лејкерси: Леброн се повреди, ќе мора да паузира неколку недели
СледноВардар 1961 на мегдан со Партизан за заверка на врвот во СЕХА-лига!