Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ со победа го започна АТП 500 турнирот во Дубаи. Ѓоковиќ, кој е освојувач на Австралија опен дојде како голем фаворит во Дубаи, а на стартот се измачи против квалификантот од Чешка Томас Махач.
По два сета резултатот беше 1-1, првиот го доби Ѓоковиќ со 6-3, а вториот му припадна на 130. тенисер на светот со 3-6. Драматично беше во третиот сет, кој беше решен во тај-брејкот, а Новак го доби со убедливи 7-1.
Ѓоковиќ во среда ќе игра против Холанѓанецот Талор Грикспор кој го елиминира Констант Лестиен.