Бојан Кркиќ: Знам низ што поминува Ансу Фати!

495

Некогашната млада ѕвезда на Барселона и на шпанската репрезентација, Бојан Кркиќ, изјави дека од прва рака го претрпел тоа низ што сега поминува Ансу Фати. Заедничко за двајцата е тоа што во нивни кариери многуминаа од нов имаа големи очекувања, кои понекогаш беше тешко да се исполнат.

Помеѓу 2007 и 2011 година, Бојан Кркиќ играше на 104 лигашки натпревари за сениорскиот тим на Барселона. Како и Ансу Фати, така и Кркиќ дебитираше за Каталонците на млада возраст пред да наполни 18 години. 32-годишниот Кркиќ се присети на своите денови, споредувајќи се со Фати.

„Има огромна разлика во третманот. На почетокот, кога сè оди добро, тоа е илузија, во споредба со тоа кога работите тргнуваат наопаку поради повреда или која било друга причина. Играчите се третираат како производ. Од човек стануваш лик. Кога имав седумнаесет години, морав да се справам со новата етикета на Меси. Мора да научите да се оддалечувате од овие етикети и да бидете свесни за вашите граници и да ги прифатите“, вели Кркиќ.

„Знам низ што поминува Ансу Фати“, вели Кркиќ дополнувајќи дека поради притисокот од својата 13-та година оди кај психолог.

ПретходноШто ти е фудбал: Кејн со 420 меча за Тотенхем без трофеј, Сабицер со 5 меча за Јунајтед со пехар! (ФОТО)
СледноСкалони не дал ниту еден глас за Мбапе и Бензема