Трагедија: 23-годишен фудбалер почина на натпревар во Англија

186

23-годишниот фудбалер на аматерскиот англиски клуб Кроуленд Таун, Мајкл Палмер, починал за време на натпревар со Леверингтон. Тој изгубил свест и паднал на тревникот, по што не успеал да се освести.

„Како што многумина од вас можеби веќе знаете, нашиот клуб трагично загуби еден од нашите членови на семејството. Мајкл Палмер колабираше на мечот со Леверингтон и не се опорави. Тој беше љубезен, грижлив човек и страстен навивач на Манчестер Јунајтед. Огромна благодарност до играчите и персоналот на Леверингтон за нивната помош. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Мајкл во овој тажен момент“, објавија од Кроуленд Таун, клуб кој игра во фудбалската лига Питерборо, една од дивизиите во Англија во која се натпреваруваат аматери.

ПретходноЊујорк го победи Бостон и го симна од првото место (ВИДЕО)
СледноШто ти е фудбал: Кејн со 420 меча за Тотенхем без трофеј, Сабицер со 5 меча за Јунајтед со пехар! (ФОТО)