Чудна понуда: Камада може да стане „нобеловец“ ако остане во Ајнтрахт (Ф)

210

Еден од најдобрите фудбалери на германскиот Ајнтрахт Франкфурт, Јапонецот Даичи Камада, „ни крив ни должен“ може да стане добитник на медал за Нобелова награда. Услов за да го добие медалот е само да остане во дресот на Ајнтрахт.

Германците Бенџамин Лист и Давид Мекмилан, кои ја добија Нобеловата награда за хемија за 2021 година за „развој на асиметрична органокатализа“ јавмо ветија дека ќе му го дадат медалот кој го добија како „нобеловци“, само Камада да не го напушти нивниот омилен тим. Лист е навивач на Ајнтрахт од дете и вели дека Камада е клучниот фудбалер во тимот.

„Ја сакам Јапонија. Еден од моите омилени играчи е Макото Хасебе. Но, заминувањето на Камада ќе ми го скрши срцето. Сакав да ја искористам оваа прилика да го ставам мојот медал како понуда до Даичи. Ако остане, ќе му го подарам“, рече во живо пред тв-камерите, нобеловецот.

ПретходноОчајниот Роналдо одби да гласа, а ФИФА му приреди невидено понижување!
СледноВласта се одмаздува: Првенството во Турција ќе продолжи без гледачи на трибините!?