Ц. Звезда, конечно, го пријави Кампацо за Евролигата

249

Црвена звезда по повеќе од два месеци чекање, сега и официјално го пријави новото засилување Факундо Кампацо во списокот на тимот во Евролигата.

Финансиската комисија на Евролигата изрече санкции за Црвена Звезда поради сериозно прекршување на правилата за финансиска стабилност и фер-плеј (ФСФПР). На белградскиот клуб му беше забрането да регистрира нови играчи и тренери до 28 февруари 2023 година. Покрај тоа, клубот беше казнет со 25.000 евра.

Кампацо можеше да игра само во Јадранската лига, каде имаше просек од 13,4 поени, 3,1 скока, 6,9 асистенции и 2,3 украдени топки по натпревар.

Во моментов Црвена звезда е 13-та во поредокот во Евролигата со 11 победи и 14 порази.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Рамадани во дресот на Динамо Киев
СледноЧави: Реал Maдрид е фаворит против нас