Арсенал засилено оди кон титулата англиски шампион. Вечерва во заостанат меч од 7. коло, „топчиите“ го прегазија Евертон со 4:0 и сега му побегнаа на Манчестер Сити 5 бода.
Гостите имаа сили само за 40 минути. Тогаш дојде првиот гол во нивната мрежа и се тргна низ брдо.
Сака погоди на пет минути пред одморот за водство од 1:0, по што во судиското надополнување на првото полувреме, Мартинели погоди и за 2:0.
Сите дилеми околу победникот ги реши Мартин Одегард во 71. минута, за Мартинели да ги постави конечните 4:0 со својот втор гол.