Битолчани револтирани – бараат оставка на Валтер! Во Скопје разочарани од Недановски!

2663

Пелистер не успеа да го завери билетот за нокаут фазата, откако синоќа беше поразен од Мотор на домашен терен со 25-27. Иако македонскиот вицепрвак имаше две опции за продолжување на европскиот сон, реми или победа, сепак не ја исполни целта.

За многумина фанови, поразот ќе беше оправдан, доколку ракометарите одиграа максимално борбено, го оставеа срцето на терен.

Според нив, не е страшно што заврши европската сезона, туку начинот на кој Ларс Валтер го води тимот. Низ социјалните мрежи се бара оставка на данскиот стратег, како и реконструкција на пола тим. Според нив раководството на клубот вложува многу, особено финансиски, а на теренот нема фит-бек. Дел порачаа да се огледаат на вториот тим кога станува борбеноста.

И не се далеку од вистината. Пелистер има скапи играчи, пракса која беше и во минатото, но плодовите од ова вложување до сега не може да се видат. Пред Валтер на клупата беше Жељко Бабиќ, приказната беше иста, слушавме повеќе зборови отколку дела.

Овој резултат доаѓа како предупредување пред продлжение на сезоната во која Битола чека титула во домашниот шампионат и победи во СЕХА-лигата. Истите нема да дојдат доколку ракометарите продолжат со бледото издание. А дека навистина има проблем во клубот и начинот на кој се пристапува на секој натпревар, видовме на дуелот против Алкалоид, дебитантот добро ги измачи ѕвездите на Пелистер.

Останува да видиме дали управата ќе направи промени на клупата сред сезона или ќе му даде шанса за Валтер.

Навивачите најавија дека ќе ги бојкотираат натпреварите, дел веќе ја изгубија вербата, дел ќе им дадат поддршка, поточно нова шанса.

Дефинитивно е голема штета што Пелистер има добар состав, со добро платени играчи, кои засега не ги оправдуваат средствата.

ВАРДАР 1961 БЛЕД КАКО НИКОГАШ

Кога сме кај двата конкуренти за титулата оваа сезона и разочарувањето, секако своето место има и Вардар 1961. Македонскиот првак синоќа беше наидгран од страна на Партизан во едно од најбледите изданија.

Овој пораз во СЕХА-лигата ги разбуди навивачите на „црвено-црните“ кои се согласија дека Вардар никогаш не бил послаб. Добро знаат која е вистинската сила, многу пати беа во поразите со своите миленици, но овој пат не можат да премижат.

Српскиот тим нема толку добри играчи колку што „црвено-црните“ не покажаа ништо на теренот. Единствена светла точка беше Филип Талески, сето останато беше под нивото.

Веќе одредено време се бара оставка на Недановски, овој пат истото беше многу погласно. Најверните фанови го изгубија трпението, за добра сезона, сметаат дека поискусен стратег треба да седне на клупата, да ги разбуди ракометарите и да ги одведе на патот до нова титула.

Дали ќе има промени во Битола и Скопје останува да видиме!

ПретходноШпетим Дуро на клупата на Струга Трим Лум?!
СледноЛионел Меси и понудата од Саудиска Арабија – позната е цифрата!