Гостивар со минус три бода и 1000 евра казна

2201

Дисциплинската комисија при ФФМ предмалку одлучи дека тимот на Гостивар, лидерот на ВМФЛ конуренцијата е казнет со одзимање на три бода од неговото моментално конто во шампионатот и парично со сума од 1000 евра поради неправилниот настап на нивниот играч Гордијан Христовски на мечот од првото пролетно коло против тимот на Пехчево.

Истиот е регистриран со 1:0 како што и заврши но сепак, Гостивар мора да сноси одговорност поради неправилниот настап.

Ова значи дека во ВМФЛ кнкуренцијата во моментов Гостивар, Вардар и Воска имаат по 40 бодови, и до крајот ќе има „мртва“ трка за пласман во првата лига.

На фудбалерот на Гостивар, Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок член 84, став 1, алинеа 6 од Дисциплинскиот правилник.

ПретходноПродажбата на Манчестер Јунајтед одложена до крајот на сезоната?
СледноДинамо Киев ја најави промоцијата на Рамадани