Елверум и Пик Сегед извадија реми во последното коло од групната фаза

68

Елверум и Пик Сегед не дозволија со пораз на домашен терен да ги завршат натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите, па по голема борба успеаја да извадат реми на пресметките со Кил и Нант. Норвежаните на домашен терен ремизираа со германскиот великан 26-26, додека Пик Сегед одигра 28-28 на домашен терен против екипата на Нант.

Со овие две ремија, практично не се промени ништо во поредокот на табелата во групата „Б“, каде Нант заврши на 3. место пред екипата на Кил, само поради подобриот скор. Барселона и Келце од поодамна обезбедија четвртфинале.

На дуелот меѓу Елверум и Кил, Грондал со 6 гола беше најдобар кај домашните, додека кај Кил дури тројца ракометари постигнаа по 2 гола.

На пресметката во Унгарија, кај Пик Сегед најефикасен беше Роста со 7 гола, додека во тимот на Нант, Портела заврши со 5 погодока.

Со победа од 34-31 на гостувањето во Словенија против екипата на Целје, Алборг го потврди пласманот на 5. место на табелата во групата „Б“, а со тоа и пласманот во осминафиналето. На дуелот во Словенија, Алборг доминираше и во двете полувремиња и не им даде шанса на домашните да се понадеваат на успех.

Палмарсон имаше фантастична вечер со 10 постигнати погодока за данскиот состав.

ПретходноСопственикот на Сион го отпушти тренерот, сам ќе го води тимот
СледноНорвежаните третпат по ред златни во нордиска комбинација