Иван Тони ја призна вината за нелегално обложување

200

Играчот на Брентфорд, Иван Тони, се изјасни за виновен за повеќекратно прекршување на правилата за обложување на ФА, пренесува Daily Mail. Се очекува фудбалерот да добие долга забрана за настап, која ќе започне уште пред да заврши актуелната сезона.

Според медиумот, Тони се изјаснил виновен за 262. обвиненија што ФА ги покрена против него во декември минатата година, но ги оспорува другите, а се смета дека дисциплинското сослушување на играчот е закажано наскоро.

Претстојната забрана на Тони најверојатно ќе го исклучи од тимот на Англија за квалификациите за Европското првенство следниот месец против Италија и Украина, што ќе биде фрустрирачко за селекторот Герет Саутгејт. Фудбалерот на Брентфорд не настапи на Светското првенство во Катар.

Ѕвездата на Брентфорд постигна 15 голови за својот тим оваа сезона вклучително и против Арсенал. Неговата претстојна забрана ќе биде огромен удар за Брентфорд и за менаџерот Томас Френк.

 

ПретходноДинамо Киев ја најави промоцијата на Рамадани
СледноЧовекот нема граници: На мечот дојде во чуден стил, а посебна приказна беше на теренот (ВИДЕО)