Фудбалерите на Ливерпул го победија Вулверхемптон на „Енфилд“ со 2:0, во последниот натпревар од седмото коло на англиската Премиер лига. На овој начин „црвените“ ја прекинаа лошата серија по дебаклот против Реал и ремито со Кристал Палас и со 39 бода се пробија до шестото место на табелата.
Оваа победа ги остава во борба за место во Лигата на шампионите.
Ливерпул долго се мачеше да го отвори резултатот, па до гол за водство дојде дури во 73. Минута кога Ван Дајк успеа да погоди за 1:0. Само 4 минути подоцна Салах ги постави конечните 2:0.