Поради лошата реакција во текот на мечот против Кремонезе за време на викендот, тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе добие два меча суспензија и 10.000 евра казна.
Кремонезе шокирачки ја забележа првата победа сезонава и тоа токму против Рома со конечни 2:1, а Мурињо во гневот и нервозата заработи црвен картон и исклучување на сред натпревар.
Вербалната расправија беше со четртиот судија, Марко Сера, со кого Мурињо имаше што да си кажат, а јавноста во Италија веќе трет ден на големо дебатира поради ова.
Another week, another Jose Mourinho red card 😂 pic.twitter.com/sWMjRfgsqp
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 28, 2023