На потег е СЕХА-лига: Дали Партизан ќе добие ригорозни казни за срамните транспаренти и навреди кон Македонците?

990

Иако Србија и Македонија важат како блиски земји, сепак кога станува збор за спортот тука не важи правилото „наши браќа и сестри“. Ова го потврдија „Гробари“ на вчерашниот дуел меѓу Партизан и Вардар во меч од СЕХА-лига.

Навивачите на домашниот тим ги поминаа сите граници на нормалност. На трибините се однесуваа кон актуелниот македонски првак како кон најголем душман, заборавија дека пораките кои ги испратија ја дигнаа Македонија на нозе, заборавија дека нивниот тим во нашата земја е пречекан величентвено, а дека ниту оние кои ги поддржуваат никогаш не се однесувале надвор од спортските граници.

Од грчко знаме, како провокација за Македонците, до транспарент за Гоце Делчев и „Комити“.

Добро е познато дека во светот на спортот политички пораки не се дозволени, спортот треба да обединува, а не да прави националнистички раздор. Па оттука се прашуваме каков потег ќе направи СЕХА-лига, каква казна ќе изречи Дисциплинската комисија на ова натпреварување?

За вакви навреди и транспаренти казната треба да биде драконска, Партизан треба да добие убава суспензија за домашни ракометари, не само за оваа сезона, бидејќи истата може брзо да заврши за овој тим. Како дополнение очекуваме и парична казна. Само на овој начин СЕХА-лига ќе покаже дека и натаму е достоинствено натпреварување кое се води според европските и светските норми, сето останато треба да биде порака за македонските тимови – да се повлечат од лигата.

Вардар е историја во регионалното натпреварување, во СЕХА-лига е од првата сезона, а зад себе има пет титули, заедно со Веспрем се најтрофејните клубови.

ПретходноЛионел Меси и понудата од Саудиска Арабија – позната е цифрата!
СледноСо 18.905.147,00 денари Р.А. од Велес стана СУПЕР МИЛИОНЕР