Македонската футсал репрезентација денеска од 20:30 часот во Италија, поточно во градот Катанија, го игра квалификацискиот дуел против „Азурите“. Во рамките од тековниот циклус, нашата репрезентација веќе одигра два дуели од кои освиме еден бод. По поразот од Шведска на гостински теренод 5:2, следуваше домашното реми токму против Италија, 3:3.
Сега, на ред е да направиме подвиг на гостински терен и да се обидеме да останеме непоразени и на ова тешко гостување по што шансите за успех во оваа кампања и тоа како ќе ни се зголемат.
На 5 март пак во Скопје играме против Шведска. Тој меч се игра од 19:00 часот.