Шпанскиот тенисер Рафаел Надал официјално се повлече од АТП Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, кој се одржува од 8 до 19 март.
Надал нема играно од Австралија опен и поразот во второто коло од Американецот Мекдоналд. За време на тој меч, но и претходно, го мачеше повреда на мускулот на левата нога, што е причина за паузата од тенисот по турнирот во Мелбурн.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тој во последните неколку дена тренира на земјените терени во неговата академија во Мајорка, нагласувајќи дека најверојатно 36-годишниот тенисер ќе се врати на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, кој се одржува од 9 до 16 април.
Надал, моментално осмиот тенисер на АТП-листата, во кариерата има освоено 22 Гренд слем турнири, исто како и Ѓоковиќ.