Почина Жист Фонтен еден од најдобрите стрелци на Мундијалите

153

Најдбриот стрелец на Мундијалот одржав во 1958 година, францускиот репрезентативец Жист Фонтен денеска почина на 89. годишна возраст. На шест мечеви на споменатиот турнир во 1958 година тој постигна тринаесет голови по што стана вистинска сензација во тој момент во Шведска. Нормално, тој негов подвиг сеуште е ненадминат односно е рекорд на Светските првенства.

Цели триесет години тој важеше за најдобар стрелец на Мундијалите пред да биде минат од страна на Герд Милер кој во 1970 односно 1974 стигна до брјката 14.

Фонтен е роден во Африка поточно во градот Маракеш, кој што во тие моменти важел за град кој е дел од француската колонија Мароко. Играше за Ница и Ремс, а со овој клуб загуби во финалето од Купот на Шампионите од Реал Мадрид.

ПретходноСудењето во ПМФЛ и ВМФЛ и викендов без грешка
СледноЈагуриноски: Не бевме на вистинското ниво!