Пред две недели катарскиот шеик Џасим бин Хамад Ал Тани испрати понуда за целосна контрола додека онаа на британскиот милијардер Ретклиф за стекнување на мнозински удел, но шансите за договор до крајот на март, наводно, се многу мали.
Првично затоа што во самото семејство Гјелзер кое брои шест браќа и сестри има неодлучност по прашањето, и наводно секој член има свое видување за самата продажба.
Па така, по серијата шпекулации околу продажбата, цената на акциите на Манчестер Јунајтед претпре неколку измени. Најпрво истите скокнаа по катарската понуда, за потоа да паднат за дури 13% со оглед на неодлучноста на сегашните газди.
Анти Глејзер расположението беше вообичаено на натпреварите на Јунајтед во последниве години, но за време на неделното финале на Карабао Купот, на кое присуствуваше и Аврам Глејзер, стана уште посилно. Додека Јунајтед го освојуваше својот прв трофеј по пет сезони, гласните скандирања „Надвор Глејзери“ можеа да се слушнат од делот за поддржувачи на „црвените ѓаволи“, при што беа изложени и транспаренти против актуелните сопственици на клубот.